еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Депонијата „Дрисла“ доби нов концесионер

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30. седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ во Скопје е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и Сплендор МАК ДООЕЛ од Македонија.

„Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд. Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди“, велат од Град Скопје.

Фото: Дрисла

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Поради недисциплина и целосната негрижа на населението и здравствените власти, имавме бранови какви што имавме

Редакција

Раст на реинфекциите со Ковид-19

Редакција

Бензините поскапуваат за 2,5 денари по литар

Редакција