еМагазин
Image default
Македонија

Државјанин на Македонија во Швајцарија обвинет за регрутирање борци на ИД

Швајцарското Јавно обвинителство покрена обвиненија против две лица, од кои едниот државјанин на Швајцарија и Северна Македонија, под сомнеж за регрутирање борци во редовите на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Јавното обвинителство на Швајцарија соопшти дека двајцата осомничени се товарат за „поддршка и членство“ во ИД, вклучително и за ширење на пропаганда на џихадистичката група. Осомничените, чии имиња не се соопштени во интерес на истрагата, живееле во северозападниот дел на Швајцарија.

Државјанинот на Швајцарија и Северна Македонија бил приведен кога се обидел да отпатува за Сирија, преку територијата на земјава. Тој е осомничен дека регрутирал еден борец на ИД.

Другиот осомничен, со двојно, швајцарско и италијанско, државјанство, се товари дека престојувал на териториите под контрола на ИД во Сирија, по што се вратил во Швајцарија, каде регрутирал неколку лица да се борат во редовите на џихадистичката група.

Истрагата против државјанинот на Швајцарија и Италија започнала во февруари 2015 година, по што подоцна таа е проширена и на вториот осомничен.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на ИЈЗ: Може да бидеме порелаксирани само кога бројката ќе падне под 10 позитивни на корона вирусот

Редакција

Антикорупциска бара кривично да се гони поранешен директор на ЕСМ, ја злоупотребил положбата за набавка на мазут

Редакција

Македонските власти имаат разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест

Редакција