еМагазин
Image default
ЖИВОТ

„Држава што не постапува е држава што силува“, мото на денешниот марш по повод 8-ми Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15.00 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне петтиот Марш за женски права.

„На овој протестен марш под слоганот: „Држава што не постапува е држава што силува“, заеднички ќе упатиме порака дека не можеме да бидеме слободни, кога сè уште се бориме за нашите работнички права, достоинство и почит, и живееме под закана од насилство и системска дискриминација.

Маршираме бидејќи држава што не постапува е држава што силува. Маршираме за поддршка на сите жртви на криминалната група „Јавна соба“ и сите жртви на родово засновано насилство.

Маршираме за да ги потсетиме институциите, МВР и Јавното обвинителство, дека нема да застанеме додека не ги исполнат нашите барања,“ информираат од Платформата за родова еднаквост.

Тие ќе ги повторат веќе упатените барања Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство; кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени; сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик; професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.

Организаторите на маршот велат дека овој случај е шанса за институциите да покажат дека се залагаат за женските права и во пракса, а не само декларативно.

Фото: Photo by Raquel García on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комплетно реновиран дел од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Редакција

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Редакција

Скопје Прајд: Луѓето од ЛГБТИ заедницата се дел од општеството и ги заслужуваат човековите права и слободи

Редакција