По инцидентот со претседателот на Независниот полициски синдикат, Гоце Делчев, со допис до медиумите се јави и Александра Дуковска, слободен новинар и вели дека таа не го нападнала синдикалниот лидер и бара извинување за изнесените невистини упатени на нејзина адреса.
„Дали викање помош, помош е некаков напад или се плашите дека ќе Ви го ревидирам статусот на новинари? Од видеото се гледа дека човекот кој уредно беше снимен, пренесен со став, ме удира.
Од Вас како иницијатива медиумска, а дали сте или не, тоа други нека Ве оценуваат, очекувам јавно извинување за нанесување и изнесување на клевети“, пишува таа во дописот, жалејќи се дека не била побарана за да се чуе и нејзината верзија.
Таа тврди и дека веќе подолго време била цел на физички и вербални напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+фото) Новинарката Дуковска физички го нападна претседателот на синдикатот на полицијата
(Видео) Новинарка го искара министерот Бектеши оти кажал Македонија
Фото: ТВ 24