Речиси 40% од граѓаните во Македонија не веруваат во ниту еден политичар, покажува телефонската анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС).
На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба“, најголем дел од испитаниците 39,7 отсто одговориле „ниеден“, со 13,5% следи Христијан Мицкоски, 6,6% има Али Ахмети, 5% има Димитар Ковачевски, 3,7%, Максим Димитриевски, 3%, Димитар Апасиев, 2,8%, Стево Пендаровски, 2,3% Никола Груевски, 2,2% Билал Касами, 1,8% Арбен Таравари, 1,5% Зоран Заев, 1,3% Африм Гаши и 1,1% Зијадин Села.
Анкетата на ИПИС е спроведена телефонски во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 година, при што биле опфатени 1.112 полнолетни испитаници по случаен избор.
Податоците, како што информираат од ИПИС, се со статистичка грешка од +/- 3 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најголем рејтинг има ВМРО-ДПМНЕ, втора е СДСМ, Левица четврта: Анкета на ИПИС