Државниот завод за статистика врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија, ги пресмета индикаторите за сиромаштија за 2018 година.
Според податоците, во 2018 година, стапката на сиромашни лица во земјава изнесуваше 21.9 % односно 455.100 лица живеат во сиромаштија.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштијата на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2018 година е 22 %.
Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8.8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7.9 %.
Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31.9 %.