еМагазин
Image default
Локално

Двајца турски државјани со пасоши барани од Интерпол приведени на ГП Богородица

Двајца турски државјани У.А. (28) и Г.Р. (25) биле лишени од слобода и предадени во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка откако половина час по полноќ на Граничниот премин „Богородица“ при пасошка контрола било констатирано дека поседуваат пасоши кои биле предмет на потрага на Интерпол-Турција, односно биле пријавени за изгубени/украдени од имателот.

МВР информира дека тие патувале со патничко возило „Фолксваген Шаран“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.С. (62) од Република Македонија. При претрес на нивниот багаж биле пронајдени уште две оригинални турски патни исправи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утринава загина пешак на регионалниот пат Штип-Кочани

Редакција

МВР со детали за пожарот кај Велес: Приведените ја повикале противпожарната единица

Редакција

Несекојдневен случај во Штип: Татко пријавил малолетници љубовници за тридневен секс

Редакција