Министерството за здравство во Календарот за имунизација воведува две нови вакцини – против рота вирусот и пневмококна вакцина.
Со вакцината против рота вирусот се заштитени најголем процент од децата кои ја примиле (9 од 10 деца). Вакцинацијата се спроведува со орална ротавирусна вакцина во три дози со ставање капки во устата на детето, на возраст од шест недели до 32 недели.
Првата доза од вакцината треба да се даде пред детето да наполни 15 недели, додека сите три дози на вакцината треба да бидат примени пред да наполни осум месеци.
Повеќето бебиња, кои примиле ротавирусна вакцина немаат несакани ефекти од вакцината. Милиони бебиња од 94 земји во светот безбедно ја имаат примено оваа вакцина.
Со пневмококната вакцина се намалува можноста за пренос на вирусот. Третманот на пневмококни инфекции со антибиотици не е толку ефикасен, поради големата отпорност на бактеријата кон антибиотици, што ја прави вакцинацијата уште поважна превентивна мерка. Вакцинирањето е најдобриот начин детето да се заштити од пневмококна инфекција.
Пневмококната вакцина се дава интрамускулно. Се користи пневмококна вакцина, која штити од повеќе серотипови пневмокок, кои се поврзуваат со тешки инфекции кај децата. Дететот може да прими од една до четири дози, во зависност од возраста на детето во моментот кога е почнато со вакцинација.