еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Двојно зголемување: Македонските банки остварија добивка од 90 милиони евра за шест месеци

Македонските банки во првите шест месеци од годинава остварија добивка од 5,5 милијарди денари или околу 90,6 милиони евра, која е речиси двојно повисока во споредба со истиот период од 2017 година, покажуваат најновите податоци на Народната банка.

„Ваквиот раст на добивката во најголем дел се должи на настани од првиот квартал од годината, односно на наплатата на поголем износ на нефункционални побарувања, како и остварена капитална добивка од продажба на капитален влог.

Дури и со изземање на ефектот од овие настани, добивката за првото полугодие од годината е повисока (за 32%) од минатогодишното прво полугодие, за што придонесуваат неколку продажби на преземен имот во првото полугодие, како и наплата на побарувања“, соопшти НБРМ.

Анализирано по одделни групи банки, сите групи прикажаа добивка, дури и ако при анализата се исклучат еднократните настани. За споредба, на крајот од првото полугодие од 2017 година, групата мали банки прикажала загуба.

„Зголемената добивка во првите шест месеци од 2018 година се одрази позитивно врз показателите за профитабилноста и ефикасноста на банкарскиот систем.

Стапките на поврат на просечната актива и на просечниот капитал и резерви, како и профитната маргина на банкарскиот систем, во првoто полугодие од 2018 година, се значително зголемени, во споредба со истиот период од минатата година“, информира НБРМ.

Во споредба со повеќето земји од ЕУ и со просекот за ЕУ, банкарскиот систем во Република Македонија има повисока стапка на поврат на капиталот и на активата.

Во споредба со земјите од регионот, банкарскиот систем на Македонија има највисока стапка на поврат на капиталот, додека според повратот на активата и годишниот раст на добивката, таа е втора на листата од анализираните земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двојно зголемување: Македонските банки остварија добивка од 90 милиони евра за шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците да го следат примерот на КАМ маркет, кој ги замрзна цените на 100 производи

Редакција

На општините и на Град Скопје им се забранува основање ЈП за јавно осветлување

Редакција

Една и пол година затвор за поранешниот началник во УБК Горан Грујевски, кој е во бегство

Редакција