еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќе добие ли НЛБ Банка нов сопственик: Нова Љубљанска банка го продава мнозинскиот пакет акции

Нова Љубљанска банка (НЛБ) и Словенскиот државен холдинг (СДХ) како претставник на нејзиниот сопственик, денеска преку Љубљанската и Лондонската берза објавија намера за продажба на мнозинскиот пакет акции на најголемата словенечка банка до крајот на оваа година, по пат на иницијална јавна понуда на акции.

Намерата за прва јавна понуда на акциите на НЛБ се однесува на најмалку 50 отсто плус една акција на банката, а најмногу на 75 отсто минус една акција, стои во информацијата на Љубљанска берза и во соопштенијата на Банката и СДХ.

Во НЛБ очекуваат проспектот за спроведување на иницијалната јавна понуда да биде објавен на 26 октомври на веб страната на Љубљанска берза, што би значело и официјален почеток на продажната постапка.

На малите индивидуални акционери на откуп ќе им се понуди 10% од НЛБ, додека за остатокот се очекува учество на институционални инвеститори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачен пар од Македонија се уште е заглавен во Газа, сместени се во болница на Црвената полумесечина

Редакција

815 нови случаи на Ковид-19 од 2.664 тестирања, во Скопје 329

Редакција

„Брако“ инвестира 8 милиони евра во нов погон и ја претстави револуционерната еколошка иновација на Green Machines

Редакција