За време на изборната кампања, новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, најави дека ако победи ќе ја напушти претседателската позиција во Сојузот на стопански комори (ССК) и дека ќе се откаже од статусот почесен конзул на Унгарија во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Која е професионално и приватно Данела Арсовска, првата жена градоначалник на Скопје
Арсовска исто така е и во Надзорниот одбор на Капитал банка.
Според податоци од официјалната страна на Банката, во вкупната акционерска структура на Капитал банка доминантен сопственик е Alfa Financе Holding групацијата, која поседува 98.43% од акциите (www.alfafinance.bg).
Волнарски комбинат “Тодор Циповски – Мерџан” Тетекс АД поседува 1.09% од акциите, додека ТТК Банка АД учествува со 0.48% од вкупната вредност на акции.
-Станувајќи дел од Alfa Finance Holding, водечка групација од Република Бугарија, активна во полето на финансиски услуги и извори на чиста и обновлива енергија, распространета низ цела Југоисточна Европа, од 2007 па наваму Капитал Банка промовира сосема видоизменет иновативен пристап, нова структура, менаџмент и стратегија на работење.
Холдингот е инволвиран во многу проекти ширум Бугарија и Југоисточна Европа (Албанија, Грција, Македонија, Романија, Србија, Турција и Украина), пишува на официјалната страна на Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ССК