еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе останеме ли без Виз ер?

Министерството за транспорт и врски ќе распише нов тендер за субвенционирање на авиокомпании, откако вчера соопшти дека е поништена постапката за последниот повик за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, на кој се јави само Виз ер.

Моментално овие субвенции ги користи токму Виз ер, а благодарение на евтините летови кои ги нуди компанијата, изминативе години драстично се зголеми бројот на патниците од Македонија до неколку европски дестинации.

Нема дилема дека Македонија не е исплатлива дестинација за многу авиопревозници, а тоа беше посебно видливо пред доаѓањето на Виз ер.

Македонија со години нема и национален авиопревозник токму од истите причини.

Додека властите веќе неколку месеци одлучуваат која авиокомпанија ќе ги добие овие субвенции, Виз ер од аеродромот во Приштина период промовираше летови до Минхен, Базел, Дортмонд и Тирана.

Токму патниците од Косово имаат значен удел во летовите од скопскиот аеродром.

Постапката е поништена на предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници, а по јавното отворање што се оддржи на ден 27 јули годинава.

– На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка не е доставено согласно точка 2.1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање, наведуваат од Министерството за транспорт и врски.

Врз основа на ова, Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка. Согласно извештајот од Комисијата, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „зовре“ за катастрофата во Струга: „Трска гори, Влада се чешла“

Редакција

Каква е состојбата со граничните премини на соседните и околните држави

Редакција

Димитар Апасиев реизбран за претседател на Левица

Редакција