еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ќе падне ли бугарската Влада: Партијата на Трифонов ги повлекува своите министри, една од причините Македонија

Лидерот на бугарската политичка партија „Има таков народ“, Слави Трифонов денеска за локалните медиуми изјави дека ги повлекува министрите од таа партија кои се во владата.

– Ставам крај на оваа коалиција и агонија, изјави Трифонов.

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме со промената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи, Советот за национална безбедност.

Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој.

Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева.

– Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.

Тој истакна дека не е јасно за што е потрошена најголемата сума во историјата на Бугарија – 9 милијарди лева за девет дена во декември 2021 година.

Владината коалиција има четири партии – Продолжуваме со промените, Бугарската социјалистичка партија, Има таков народ и Демократска Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По излегувањето на “Има таков народ“, Петков најави дека ќе води малцинска влада

МИА/Фото: Трифонов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен еден од избеганите за упадот во М-НАВ

Редакција

Собраниската седница за „францускиот предлог“ ќе се одржи в четврток, предвидено е обраќање на Урсула фон дер Лајен

Редакција

СЗО препорача трета доза на вакцина за лица чијшто имунолошки систем е ослабен

Редакција