еМагазин
Image default
Локално

Еден загинат, двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево

Еден загинат и двајца тешко повредени има во сообраќајната несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево.

До несреќата што се случила околу 18 часот на делницата меѓу селата Песочан и Арбиново, дошло при директен судар на патничко моторно возило и возило за достава, при што на самото место загинал возачот во автомобилот, додека со тешки телесни повреди се здобиле двете лица од комбето.

Од силината на ударот е опожарено доставното возило, кое целосно е изгорено.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид за да се утврдат околностите и причините што довеле до несреќата.

Тој дел од автопатот е во изградба веќе неколку години, на делници се одвиваат градежни зафати и реалативно е слабо обележан и обезбеден.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марихуана пронајдена кај затвореник во тетовскиот затвор

Редакција

Со хеликоптер на МВР го пренеле во клинички центар по пад на планината Кожуф

Редакција

Жена физички нападната кај црквата во Кавадарци

Редакција