Според податоци на Институтот за јавно здравје во периодот од 03.04 до 09.04 регистрирани сe 141 нови случаи на Ковид-19, со намалување од 9% во однос на минатата недела (n=155).
-Процентот на позитивност се движи од 8,0% до 13,8%, просечно 11,1%.
Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 15 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=74; 52,5%), каде е регистрирана и највисока инциденца (20,4/100.000 жители).
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=72; 51,1%). Со оглед на малиот број на пријавени случаи, зголемувањето/намалувањето по возрасни групи е варијабилно.
Во текот на минатата недела (03.04-09.04.2023) со статус „оздравени“ се стекнале 156 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, за 10,3% помалку во однос на минатата недела (n=174).
Во текот на минатата недела, пријавени се 47 реинфекции, за 7,3% помалку во однос на претходната недела (n=51).
Пријавено е едно починато лице со датум на смрт во текот на последната недела (03.04- 09.04.2023), од Куманово, на возраст од 75 години, со коморбидитети и починато во болнички услови, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
Фото: МЗ