еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Економскиот промотор кој стана министер: Кој е Крешник Бектеши

Кадарот на ДУИ, Крешник Бектеши е старо-новиот министер за економија.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави членовите на новата влада.

Каково образование има

Роден е 1985 година во Кичево.

Во 2008 година дипломирал на Колеџот за менаџмент со развој за применети науки и технологијa (менаџмент и бизнис администрација) на Институтот за технологија во Рочестер, а во 2009 година се стекнува титулата Магистер по менаџмент и стратегија (логистика и управување со снабдувачки синџири) на Универзитетот Шефилд во Солун, стои во неговата биографија.

Зборува англиски и турски јазик.

Работно искуство

Бил економски промотор на Македонија во Белгија и Швајцарија.

Од 2011 до 2016 година работел како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија во Брисел (Белгија), на промовирање на бизнис климата на Македонија и на привлекување на странски директни инвестиции од Белгија.

Во рамките на работната позиција учествува и во помагање на компаниите од Белгија и Македонија во остварување на заедничка деловна соработка, како и во истражување на пазарот на Белгија, и организирање на B2B и B2G состаноци, бизнис форуми, семинари.

Од 1 јули 2016 до 31 декември истата година, како раководител на Меѓународната канцеларија на Агенцијата за странски директни инвестиции и промоција на извозот на Македонија, работи како промотор на бизнисот на Македонија во Берн, Швајцарија, и е задолжен за соработката со Стопанската комора на Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Благој Бочварски, новиот министер за транспорт и врски

Инвестицискиот банкар кој ќе не спасува од загадувањето: Кој е Насер Нуредини, старо-новиот министер за екологија

Несудениот новинар: Кој е Артан Груби, „првиот вицепремиер“ и министер за политички систем

Која е Јагода Шахпаска која доаѓа на местото на Мила Царовска

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од албанската компанија која го купува бизнис центарот Соравиа ја испофалија фирмата на внукот на Ахмети

Редакција

ЕУ одобри милијарда евра за набавка на муниција за Украина

Редакција

Тетовски Жито Полог со загуба во третиот квартал

Редакција