Состојбата на 16-годишното момче од ромска националност, кое во понеделникот беше застрелано во глава од полицаец, бидејќи побегнало од бензиска пумпа, каде не платило сметка за бензин од 20 евра, останува критична, јавува дописникот на еМагазин од Солун.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утринава еМагазин беше пред болницата во Солун, каде моментално е момчето, и каде во понеделникот вечерата имаше насилни протести со палење на контињери, а беше оштетен и автомобил, сведочи за еМагазин очивидец.
Денеска таму нема никаков знак дека нешто се случило и како што вели аптекарка која работи спроти болницата состојбата засега е мирна.
-Но, никој не знае што ќе се случи ако момчето почине, вели таа за еМагазин.
Синоќа во Солун за момчето се протестираше во центарот на градот во рамки на масовниот протест, кој секоја година се одржува на 6. декември, денот кога во 2008 година од полицијата беше убиен 15-годишниот Алексис Григоропулос.
Протестите за Алексис во Атина и Солун беа масовни, а имаше и судир со полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: еМагазин