еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Електродистрибуција ги извести институциите за компаниите кои треба да се вратат од регулиран на отворен пазар на струја

Со цел исполнување на обврските на Операторот на дистрибутивниот систем за спречување на злоупотреби и манипулации на пазарот на електрична енергија, Електродистрибуција достави информација до засегнатите државни институции за тоа кои бизнис корисници не ги исполнуваат условите да се снабдуваат од Универзалниот снабдувач на регулиран пазар, информираат од компанијата.

„Ова е согласно Одлуката на Владата за преземање на мерки во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Информацијата беше доставена до Владата, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика.

Освен институциите, Електродистрибуција активно и поединечно ги известува гореспоменатите корисници дека нема повеќе да се снабдуваат од ЕВН Хоме, Универзалниот снабдувач за домаќинства и мали бизнис потрошувачи и дека е потребно да склучат договори за снабдување со електрична енергија со снабдувачите на отворениот пазар,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трифонов ќе ги тужи Петков и Василев оти го нарекоа „мафија“

Редакција

Немаат доволно пари: Струмички средношколци неможат да одат на Светскиот шампионат по англиски јазик

Редакција

Пецовски: Воената криза и инфлацијата креираат големи предизвици, но мора да ги прифатиме како реалност и да ги менаџираме

Редакција