еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Елизабета Дуковска избрана за нов судија на Уставниот суд

Со 64 гласа „за“ и еден „воздржан“, судијката на Апелациониот суд – Скопје, Елизабета Дуковска во рамки на денешната 106. седница беше избрана за судија на Уставниот суд, предложена од Судскиот совет.

Дуковска е родена на 30.07.1961 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а правосуден испит положила на 15.02.1990 година.

Во 2004 година е избрана за судија на Основниот суд Скопје 1, а од јули 2007 работела како стечаен судија во Основниот суд Скопје 2. Во 2009 година е избрана за судија на Апелациониот суд во Скопје.

Во своето долгогодишно искуство работела во Основен суд на здружен труд Скопје, како стручен соработник, во Окружен стопански суд Скопје, Основен суд Скопје 1 и во Апелационен суд Скопје, како стручен соработник.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија треба да го преиспита пристапот кон Македонија на конструктивен начин, вели Петков

Редакција

„Лукоил“ го доби милионскиот тендер на Министерството за одбрана за набавка на гориво

Редакција

Рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години, Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи

Редакција