еМагазин
БЕНЧМАРК

ЕУ и официјално известена за промена на името

Европската Унија и официјално ја доби нотификацијата за промената на уставното име на државата, соопшти попладнево службата за надворешна акција на ЕУ, ЕЕАС.

-Денеска ЕУ беше формално известена од страна на Република Северна Македонија за новото име, по стапувањето на сила на Преспанскиот договор.Топло го поздравуваме овој историски чекор, што претставува пример за помирување за регионот на Западниот Балкан и пошироко, стои во соопштението на ЕЕАС.

ЕЕАС, која ја води Федерика Могерини, и го посредува дијалогот помеѓу Белград и Приштина и честита на Северна Македонија за овој огромен успех и отвора нова страница во “нашата заедничка ЕУ иднина“, се вели понатаму во соопштението.

Деновиве и останатите ЕУ институции ќе добијат слично известување од страна на нашето Министерство за надворешни работи.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската „Веридос“ ќе ги печати новите пасоши на граѓаните на Северна Македонија

(Фото) Во пасошите почнаа да се става печатот со појаснување дека припаѓаат на Северна Македонија

(Фото) Википедија не преименува во Северна Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„АстраЗенека“ одби средба со највисоки претставници на ЕУ за да разговараат за проблемите со испорака на вакцините

Редакција

ФТ: Словенија притиска ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до крајот на деценијава, некои од членките вџашени од предлогот

Редакција

Германија: Францускиот предлог за старт на преговорите со Скопје е можност што не треба да се пропушти

Редакција