еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ постигна договор за влегување на целосно вакцинирани патници од трети земји

Претставници на 27-те земји членки на Европската унија денеска се согласија да дозволат влез во Унијата за патници од трети земји кои ги примиле потребните дози на антивирусните вакцини одобрени во ЕУ, дознаваат француските медиуми од европски извори.

Во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите-членки.

ЕУ, меѓутоа, се обидува да ги координира мерките на нејзините надворешни граници заради нивните последици за слободно движење во Унијата.

ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март 2020 година за сите незадолжителни патувања и од јуни воведе и ограничен список, што редовно се преразгледува, за трети земји чии државјани, вакцинирани или невакцинирани, можат да влезат во ЕУ.

Претставниците на земјите-членки, исто така, денеска се согласија да ги олеснат критериумите за стапката на инциденца на вирусот што треба да се стават на оваа листа. Стапката на случаи со Ковид-19 е зголемена од 24 на 75 случаи на 100.000 жители во последните 14 дена.

На списокот во моментов се наоѓаат седум земји: Австралија, Израел, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд, плус Кина во очекување на реципроцитет. Списокот треба значително да се прошири по оваа одлука за да се зголеми бројот на случаи на 100.000 жители.

Истовремено, земјите-членки се согласија да воспостават итен координиран механизам за брзо суспендирање на пристигнувањата од трета земја во случај на влошување на здравјето и појава на нови видови на вирус.

МИА/Фото: Photo by Meghna R on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а авторите на филмот државна награда

Редакција

Народна банка ја затвори Еуростандард банка, утре ќе побара отварање стечајна постапка

Редакција

Потег за почит: Доктор од Куманово донираше крвна плазма за ресенчанец заболен од корона вирусот

Редакција