еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

ЕУ потфрли уште еднаш да донесе вистинска одлука, порача Рама

ЕУ потфрли уште еднаш, да донесе вистинска одлука, изјави премиерот на Албанија, Еди Рама на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по учеството на Првиот Економски форум Скопје.

-Што и да се случи, што и да се одлучи во Брисел ние ќе останеме посветени да ја зајакнеме економијата, да ја подобриме благосостојбата на нашите народи и да го сочуваме нашето достоинство.

ЕУ може да поставува задачи, може да поставува рокови, датуми, но не може да ја смени локацијата на Албанија и Македонија кои се наоѓаат во средината на Европа, ниту иднината на нашите народи како европски народи во европското семејство, вели Рама коментирајќи ја новата блокада од Бугарија за старт на преговорите со ЕУ на двете земји.

-Албанија ја има завршено својата задача уште од времето на Ѓерг Кастриот и на своите преродбеници. За нас Сонцето изгрева таму каде што заоѓа и никој не може да ни ја промени местоположбата.

ЕУ потфрли уште еднаш, да донесе вистинска одлука, рече Рама.

Напредокот ќе продолжи со сите сили затоа што тој не ни се наметнува од надвор, туку од нас самите внатре.

Прогресот ќе продолжи, бидејќи ние сме посветени на тоа и нема да зависи само од односот на ЕУ кон нас, нагласи Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Рама: Ние сме Европа, без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителите реагираат: Не ни требаат крпеници од протоколи, доброволно ќе ги затвориме објектите на две недели

Редакција

(Фото) Листа на имиња на повредените во трагичната несреќа, скопјани се нудат за помош на нивните роднини

Редакција

Редок медицински феномен на Гинекологија: Бебе се роди во „водена обвивка“

Редакција