еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ се договори за суспензија на визната либерализација со Русија

Чешкото претседателство со ЕУ информираше дека министрите на ЕУ се усогласиле за укинување на визната либерализација за руските граѓани, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Европската Унија се согласи за целосна суспензија на договорот за визно олеснување со Русија“, соопшти Жозеп Борел на прес конференцијата по неформалниот Гимних во Прага, напиша чешкото претседателство на Твитер.

Министрите за надворешни работи денеска одржуваат неформален министерски совет во Прага, на дневен ред беше најавено дека ќе се дискутира за целосно укинувањето на слободното патување на руските граѓани во ЕУ.

Ова го бараа пред сѐ источните и балтичките земји, додека Германија и Франција се спротивставуваа.

27-те земји постигнале согласност сепак да се укине визната либерализација за руските граѓани во ЕУ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда купува телевизори за затворeниците во Идризово за 1,1 милиони денари

Редакција

МЕПСО распиша тендер за набавка на авиобилети за 84.000 евра

Редакција

Повторно топол бран: Од средината на следната недела до 41 степени

Редакција