еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еврокомесарот за проширување Вархеји: Бугарија и С.Македонија да изнајдат решени за разликите, ЕК ќе помогне колку што може

Во интерес е и на Бугарија и на Северна Македонија да најдат решение за прашањата кои предизвикуваат недоразбирања. Без да се разјаснат ќе биде многу тешко работите да се придвижат напред. Ова е моментот за да се постигне договор, изјави денеска во Скопје еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес – конференција со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.

– Гледам посветеност од страна на Заев и на Борисов и се надевам дека ќе успеат да изнајдат решение и колку што знам тие работат на тоа. Ќе направиме се што можеме доколку ние можеме да помогнеме во процесот. Да се изнајде решение не е невозможно. Не би драматизирал премногу околу прашањето, но сепак е сериозно прашање, рече Вархеји на новинарско прашање дали смета дека за идентитески прашања како јазикот може да се разговара и да се барат решенија.

Запрашан за тоа дали Бугарија е осамнена во своите барања или има и други држави кои ја поддржуваат, кога ќе се финализира преговарачката рамка и дали земјава ќе ги започне преговорите до крајот на годинава, Вархеји рече дека процесот на преговарање е веќе почнат и оти ЕК мора да ја добие поддршката од секоја земја членка.

-Се надеваме дека ќе можеме да продолжиме според планот и дека во рамки на германското претседателство ќе можеме да ја одржиме првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија. На тоа во моментот работиме.

Постојат и други прашања кои мораме да ги опфатиме. Јас сум свесен за чувствителноста. Би сакал да ве замолам за трпение. Затоа што дипломатијата функционира. Тоа го имаме видено со Преспанскиот договор и во други слични сериозни прашања. Веруваме сите дека добрососедските односи на С.Македонија и Бугарија ќе доведат до решение за прашањето, истакна еврокомесарот за проширување.

Тој истакна дека Извештајот е потврда дека сите услови за одржување на меѓувладината конференција се исполнети и сега претстои да се донесе одлуката за усвојување на рамката за проширување со правилата и начелата за преговорите.

-Тоа е одлука што ќе ја донесе Советот, така што се движиме според планот, посочува Вархеји.

Премиерот Заев, пак, на новинарско прашање истакна дека земјата има подготвено проекти кои ќе бидат реализирани со парите од Европскиот инвестицискиот план за Западен Балкан на ЕК вреден 9 милијарди евра, со проекција за уште 20 милијарди евра.

-Денеска навистина верувам дека го живеме моментот гкога имаме конкретни европски пари преку ИПА 3 за конкретни проекти кои се од животно значење за сите граѓани. Овие пари се прифатени од делот на нашиот план согласно владината стартегија. Тоа се: автопатишта, железница, гасна мрежа, гасни станици, енергетските проекти.

Овде е прочистителната станица во Град Скопје, поддршката на домашните компаниите – се она што е приоритет на Владата. Убавината е што еврокомесарот заедно со неговиот тим се обиде да ги вгради сите овие наши планови во инвестицискиот пакет за Западен Балкан. рече Заев.

Девет милијарди за целиот регион, според него, ќе значи кохезија, поврзување и потврдување на капацитетите за имплементирање на овие проекти.

-Проектите се спремни. Амбицијата за имплементација е следните четири години за време на мандатот на Вархеји и на оваа Влада и се надевам ќе имаме прилики заедно со Вархеји да ги пуштаме во употреба сите овие проекти за поврзување на нашите градови и регионот.

Северна Македонија е подготвена со овие проекти и верувам дека ќе бидеме еден позитивен пример во севкупното покажување на имплементацијата и ќе ги оправдаме овие поддршки преку реформите кои се обврзуваме дека ќе ги завршиме во следниот период, истакна Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 17 часот излезноста на парламентарните избори 46,93%

Редакција

Бројот на луѓе што користат дроги е зголемен за 23%, велат од ОН

Редакција

Смени во Одборот на директори на Македонски телеком

Редакција