Еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.
Вархеји, како што е најавено, ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата.
По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција.
Предвидено е еврокомесарот за проширување и добрососедство да се сретне и со претседателот на Парламентот, Талат Џафери и да има обраќање пред пратниците во законодавниот дом.
Најавен е и работен ручек на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји со претседателот на државата Стево Пендаровски.
За време на престојот во земјава, Вархеји ќе оствари средба и со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Еврокомесарот Оливер Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клучни наоди од Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година
МИА/Фото: МИА