еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Еврокомесарот за проширување Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска треба да допатува во Скопје.

Предвидено е Вархеји да има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе стане збор за напредокот во процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан. Се очекува во фокусот да биде надминувањето на бугарската блокада за старт на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Од Европската комисија посочуваат дека еврокомесарот Вархеји е во комуникација со сите релевантни страни во однос на дискусијата за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро.

Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде што со претседателот Румен Радев и техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев разговараше за отстранување на бугарската блокада за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Посетата на Вархеји на Скопје следува еден ден по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која на разговорите со властите во земјава исто така разговараша и за спорот со Бугарија и негово надминување. Таа изрази уверување дека е можно надминување на блокадата од Софија и одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на годинава.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе разговара и за спорот со Бугарија

Редакција

ЕУ им додели кандидатски статус на Украина и Молдавија

Редакција

Сите детали од извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија

Редакција