еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа ќе бара од САД да се снабдува со течен гас, за да се намали увозот од Русија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Европскиот парламент најави дека утре ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден за да го обезбеди снабдувањето на Европа со течен гас во следните две зими.

– Утре ќе разговарам со претседателот Бајден за тоа како да се даде приоритет на снабдувањето со течен природен гас од САД за Европската унија во наредните месеци, рече Фон дер Лајен на пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП).

Таа додаде дека целта на ЕУ е да се добијат гаранции за дополнителни снабдувања за следните две зими, нагласувајќи дека енергетската политика е и безбедносна политика.

Фон дер Лајен ги коментираше високите цени на бензинот, истакнувајќи дека Комисијата предложила мерки за намалување на увозот од Русија.

– Посилни сме кога го користиме тоа што го нуди нашиот единствен пазар и доколку покажеме солидарност можеме да работиме заедно, првенствено во областа на високите и флуктуирачки нестабилни цени на бензинот, рече Фон дер Лајен во ЕП.

Затоа Комисијата, додаде таа, предложи мерки што ќе ни овозможат значително да го намалиме увозот на гас од Русија.

– Тоа е многу амбициозно, но ние веруваме дека можеме да го постигнеме и веќе тргнавме на овој пат, рече Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Газа досега загинале 9.770 лица, од кои 4.800 се деца, а 2.550 жени

Редакција

Соборот на СПЦ прогласи канонско единство со МПЦ-ОА

Редакција

Штетата од пожарите огромна: Изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса

Редакција