еМагазин
Бизнис

„Европа“ ќе исплати дивиденда во бруто износ од 60 денари по акција

Собранието на акционери на „Европа“ АД Скопје на седницата одржана на ден 14 мај 2020 година да донесе одлука за исплата на дивиденда од добивката на друштвото во 2019 година во бруто износ од 13.802.040 денари, се вели во предлог-одлуката за претстојното Собрание на компанијата објавена преку Македонската берза.

„Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 60 денари. Дивидендата ќе се исплатува во пари на трансакциска сметка на акционерите.

Последен ден на тргување со право на дивиденда 01.06.2020 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 02.06.2020 година.

Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 03.06.2020 година.

Дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30.09.2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добивката на група „Европа“ намалена за 21,5 отсто

Намалена добивката на „Европа“

Македонската берза урива рекорди во остварениот промет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Останува забраната за организирање свадби, матурски и други свечености во угостителските објекти

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи 3.587 акции на ОКТА

Редакција

(ВИДЕО) Ќе се изгради ли нов скијачки центар „Царев врв“ на Осоговските планини

Редакција