еМагазин
Бизнис

Факом лани со намалена добивка

Лани Факом АД Скопје оствари нето добивка од работењето во износ од 249.402 денари наспроти добивката од 2021 година (908.126 денари), која е -73% помала од претходната година, информира Друштвото преку Македонската берза.

-Ова се должи пред се на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на енергетската и економската криза и го промени целокупното деловно опкружување.

Вкупните оперативни приходи во 2022 година изнесуваат 1.203.398.703 денари и истите се зголемени за +30% во однос на 2021 година, како резултат на зголемените приходи од странство и останати приходи по основ на судски спор.

Финасиските приходи во 2022 година се зголемени за +86% во однос на 2021 година како резултат на зголемените приходи врз основа на позитивните курсни разлики од работењето со неповрзани друштва. Вкупните приходи за 2022 година се зголемени за +31% во однос на 2021 година.

Друштвото оствари вкупни расходи од 1.205.621.488 денари, кои се за +30% поголеми во однос на 2021 година. Зголемувањето на расходите се должи на зголемување на цените на материјалите односно зголемените трошоци за работење, имаме зголемување на трошоците за вработени, како и зголемени расходи од минати години, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ склучи договор со Факом вреден 859,5 илјади евра

Намалена добивката на Факом во првите девет месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска комора: Мерките што се носат да не го нарушат оперативното работење на компаниите

Редакција

Бензинот и дизелот поскапуваат од ноќеска на полноќ

Редакција

Кој е Миле Зечевиќ, кој влезе во НО на Стопанска банка Битола и го советува Заев

Редакција