еМагазин
Техно

Фејсбук тврди дека ги отстранил проблемите што вчера предизвикаа втор прекин на работата за една недела

Фејсбук ги отстрани проблемите што предизвикаа втор прекин на неговата работа оваа недела и им се извини на корисниците.

Синоќа, Фејсбук, Месинџер и Инстаграм повторно станаа недостапни за корисниците во некои делови на светот.

Според податоците на веб -страницата Downdetector, корисниците пријавиле прекини во работата на социјалните мрежи. Компанијата соопшти дека падот е предизвикан од „погрешна конфигурација“ на рутерите.

„Искрено се извинуваме ако немавте пристап до нашите социјални мрежи во последните неколку часа. Го отстранивме проблемот и ви благодариме уште еднаш за трпението оваа недела”, се нагласува во објавата на Фејсбук.

Податоците за проблемите со Фејсбук почнаа да се појавуваат вчера по 20 часот. Корисниците во САД и Европа изразија незадоволство од работата на страницата и мобилната апликација.

Неколку минути по првите известувања за прекини на Фејсбук, имаше и извештаи за проблеми со Инстаграм. Во понеделникот, Фејсбук, Месинџер, Инстаграм и Ватсап беа недостапни со часови во многу делови на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проработеа Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и ВатсАп, причината „внатрешна грешка“ или саботажа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најновото истражување покажува дека дури 35% од Европејците би избрале полнење на телефон отколку пари

Редакција

Нови методи на работа: Што сè можете да направите за својот бизнис без да го напуштите својот дом

Редакција

#ОСТАНИ ДОМА: Имате вишок време? Сега е совршено време да се стане #foodstagram ѕвезда

Редакција