еМагазин
Image default
Бизнис

„Фершпед“ со намалена добивка: Се чувствуваат негативните ефекти од корона вирусот

Нето добивката по оданочување на „Фершпед“ во првите три месеци од годинава изнесува 14,7 милиони денари, и истата е намалена во однос на истиот период од 2019 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Првите ефекти од корона вирусот врз деловното работење на друштвото се почувствуваа во средината на месец март. „Фершпед“ АД Скопје превзеде неопходни мерки за заштита на вработените од вирусот.

Последиците од кризата ќе влијаат на оперативното работење на друштвото, на ликвидноста, како и на наплата на побарувањата. Има намалување на продажбите во доменот на услугите во сите сектори, а негативните ефекти особено се почувствуваа во сектор угостителство поради забраната за работење на угостителските објекти.

Во моментов со одредени потешкотии се подмируваат обврските кон доверителите и доколку ситуацијата продолжи друштвото не ја исклучува можноста да побара репрограмирање на обврските спрема финансиските институции.

Негативните ефекти од вирусот веројатно ќе имаат одраз врз финансиските извештаи на друштвото, а што со сигурност не можат да бидат предвидени.

Раководството ќе продолжи континуирано да ја следи состојбата и ќе презема неопходни мерки за намалување на негативните ефекти. Доколку е потребно друштвото ќе ги корегира финансиските проекции за 2020 година. Сепак ако ситуацијата се нормализира, очекуваме во третиот квартал финансискиот резултат да се движи во рамки на проектираниот“, соопшти компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фершпед“ лани оствари добивка од 83,2 милиони денари

„Фершпед“ ја продава винаријата „Сковин“

Колку акции во „Фершпед“ поседуваат членовите на Одборот на директори?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со Марковски компани вреден 9,2 милиони евра

Редакција

Владата објави тендер за интерветна набавка на маски

Редакција

Минимален раст на прометот на Македонската берза и пад на бројот на трансакции во јули

Редакција