еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Фијаско на владиниот План за чист воздух: Метереолозите предвидуваат заладување, подгответе се за загадување

Македонските граѓани, а посебно жителите на Скопје, Тетово, Битола ќе се гушат и оваа зима бидејќи Владата каска со реализацијата на Планот за чист воздух според кој до 2020 година загадувањето на воздухот во главниот град треба да се намали за 50 отсто, а во останатите градови од 30 до 50 отсто.

Имено, метереолозите предвидуваат пад на температурите со што наскоро би требало да почне и грејната сезона. Со оглед на тоа што греењето на домовите е посочено како еден од главните извори на загадување на воздухот станува јасно дека и оваа зима повторно ќе бидеме изложени на отровен воздух бидејќи Владата не спроведе речиси ниту една од ветените мерки во Планот за чист воздух.

Тоа го потенцираа и од граѓанската иницијатива „Колиција О2“ кои укажуваат дека на три месеци до крајот на 2019 година, не се исполнети редица активности од владиниот план.

Владата вети, а не донесе забрана за користење на јаглен и закон за индустриски емисии. Не се воспоставени контроли на загадувачите, неисправни се мерните инструменти и не се воведе јавен превоз кој нема да загадува.

Исто така, се каска со замената на греењето во домаќинствата, градинките, училиштата, здравствените и административните објекти, воведување енергетската ефикасност и со инсталирањето на филтри во малите и средни фирми од дрвната индустрија.

Наместо итно спроведување на овие и другите ветени мерки Владата уште еднаш на дело покажа дека е бавна во реализација на проектите кои се од круцијално значење за заштита на здравјето на населението, што доволно говори за нејзиниот капацитет и грижа за македонските граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втора жртва: Тринаесетмесечно дете од Свети Николе почина од морбили

Редакција

Чудата се можни и во Македонија: Бев парализирана, сега повторно можам да одам

Редакција

Антикорупциска ќе ги испитува сите именувања на новите директори

Редакција