еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Имаме експлозија на вирусот, целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19

Во последните неколку недели имаме буквално експлозија на вирусот, како кај нас, така и во регионот и во цела Европа. Имајќи го предвид брзото пополнување на болничките капацитети го активиравме нашиот план за обезбедување дополнителни капацитети и сега целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека во овој момент целосно се исполнети капацитетите на Инфективната клиника, модуларната болница, а исто така сега е во функција ставена институцијата Центарот за белодробни болести каде се уште има капацитети и каде може да се сместат пациенти.

– Гледајќи го напливот и притисокот, се активираше планот за Интерните клиники од приземните спратови каде се клиниките за дерматологија и неврологија, понатаму горните спратови каде што се клиниките за гастроетерохепатологија, ревматологија и нефрологија. Тука го имаме предвид и делот за дијализа, како и клиниките за оториноларингологија и очни болести, истакна Филипче.

Во овој момент и во следниот период кога ќе почне пополнувањето на овие кревети, потенцира, нема да се наруши нормалното фунционирање на сите овие клиники односно системот „МојТермин“ продолжува да функционира, како и сместувањето пациенти во другите делови на оваа зграда на Интерните клиники.

– Лекарите и медицинските сестри се подготвени. Дополнителниот број кревети кој може да биде на располагање и ќе биде од утре е околу 150 и дополнителни стотина на клиниките за оториноларингологија и очни болести, додаде Филипче.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд едногласно одлучи да не поведе постапка за Преспанскиот договор

Редакција

За Водици нема да се скока по крстот во Охридското Езеро поради Ковид-19

Редакција

Клучни наоди од Извештајот на Европската комисија за Македонија за 2020 година

Редакција