Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во вторник ќе замине во официјална посета на Белград каде што ќе се сретне со српскиот министер за здравство Златибор Лончар и директорката на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, Вера Стоиљковиќ.
„Ќе имаме разговор за повеќе битни теми во делот на нашата соработка и надвор од прашањата за вакцините, онаа соработка што ја имаме околу експертизата, нивни експерти во делот на гинекологија, неонатологија, кардиохирургијата, меѓутоа и некаков стратешки план за набавка на вакцини од Институтот „Торлак“ со оглед на тоа што во овој момент не ни се потребни, но гледаме како се одвива работата со пандемијата и сметам дека најлогично решение е Институтот „Торлак“ да ни биде стратешки партнер во делот на набавка на вакцините понатаму“, рече Филипче.
Инаку српскиот инстутут „Торлак“ веќе започна со производство на руската вакцина против Ковид-19 „Спутник V“, а кон крајот на годината најавено е производство и на кинеските вакцини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија засега нема да нарачува од вакцините „Спутник V“, кои почна да ги произведува Србија
(ВИДЕО) Србија прва во Европа почна со производство на руската вакцина Спутник V
Фото: МЗ