еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче очекува колективен имунитет на Ковид-19 да се постигне до крајот на летово

Министерот за здравство Венко Филипче очекува колективен имунитет да постигнеме до крајот на летото.

Тој вели дека со пристигнувањето на поголемата количина на вакцини од 500.000 дози од „Синовак“, и 100.000 „Фајзер“ се очекува вакцинирање од 15.000 до 20.000 граѓани на ден.

„Веќе е направен планот како ќе се одвива вакцинацијата дневно, согласно бројот на пријавени граѓани. Апелирам да се пријават, бидејќи тоа е најлесниот начин да се дојде до вакцина,“ вели Филипче.

Тој оцени дека процесот на вакцинација почнал добро, сега е забавен, но од другата недела очекува забрзување, со што до крајот на летото, би се постигнала некоја бројка од 50 проценти вакцинирани од вкупната предвидена популација.

На средбата со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, тој го информирал дека во Кина имало силна интензивна кампања за процесот на вакцинација, имало појава на заболени со индиската мутација на Ковид-19, но биле со лесна клиничка слика.

Филипче рече и дека и нашата држава ќе спроведе кампања, а ќе се одвива и теренска вакцинација.

Во третиот и четвртиот квартал најави тој, се очекуваат по 350.000 вакцини на „Фајзер“ преку Ковакс системот.

Филипче вели дека околу 400.000 граѓани ќе бидат вакцинирани со двете кинески вакцини, што е сериозна бројка и значајно за постигнување на колетивен имунитет.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре замрзнување на цените на хигиенските производи, во текот на неделата и на дел од овошјето и зеленчукот

Редакција

(Видео) Израел „симболично“ го нападна Иран

Редакција

(Галерија) Три години Parkland Hospitality group

Редакција