еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче поднесе пишана оставка до Заев: „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди“

Министерот за здравство Венко Филипче поднел пишана оставка до премиерот Зоран Заев.

„Пред година ипол го регистриравме првиот ковид случај во нашата земја, го паметам тој ден имавме две прес конференции. Од тој ден до денес секогаш пред граѓаните стоев отворено и транспарентно, соопштувајќи ги сите добри и лоши вести.

Никогаш не бегав од критика, никогаш не останав должен одговор, никогаш не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки кои ги донесовме беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните.

Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите, сочувствувам со нивните семејства. Нема зборови кои тоа може да го опишат ниту начин да се надомести загубата.

Како лекар и министер имам интегритет и затоа денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев,“ изјави Филипче на прес-конференција, соопштувајќи ја оставката.

Денеска оставки поднесоа и заменик-министерот за здравство Илир Хасани и двајцата директори на тетовската болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани поднесе оставка

Двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мермерен комбинат објави став на Одборот на директори за понудата за преземање од Долит Инвестментс

Редакција

„Никоб“ го доби тендерот на Град Скопје за обезбедување на училиштата вреден 195.000 евра

Редакција

Испразнетите работни места во здравството ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави Меџити

Редакција