еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Филипче повторно повика да им помогнеме на здравствените работници со тоа што ќе ги почитуваме мерките

Министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил повика да им помогнеме на здравствените работници со тоа што ќе ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19.

„Живееме еден од најтешките периоди во поновата историја. Целиот свет е под огромен притисок. Но, најголемиот товар и натаму го носат здравствените работници и повеќе од сé им е потребна наша поддршка за да се справат со предизвикот пред кој се исправени.

Здравствените работници се нашата надеж во борбата против пандемијата. Почитувањето на мерките е „оружјето“ со кое ние, секој еден од нас, може да даде свој придонес во таа борба. Да им помогнеме, тие тоа го очекуваат и заслужуваат. Да покажеме благодарност и почит кон нивната работа,“ напиша тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Ана заминува на лекување, собрани се потребните средства

Редакција

МВР објави видео од авионската несреќа на Солунска глава

Редакција

Д-р Атанасова: Многу од пациентите кои прележале во јануари, во февруари повторно биле позитивни на омикрон

Редакција