Препораката е дека треба да поминат шест месеци од втората доза, за да започне вакцинацијата со третата – бустер доза. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имуно-компромитираните пациенти. Официјалните препораки се уште ги очекуваме за сите граѓани, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Најнапред со анализите и студиите, посочи Филипче, е компанијата „Фајзер“, со која имале состанок и им укажале дека е голема веројатноста, дека тие ќе препорачаат трета, односно бустер доза за сите граѓани, по шест месеци од примената ревакцина.
– Нашиот комитет за имунзација ги чека, токму официјалните препораки за и ние тој дел, исто така, го препорачаме. Веќе официјално е препорачана бустер дозата за имунокомпромитираните пациенти, тие кои се на хронична дијализа, меѓутоа треба да помине да помине временски период од шест месеци. Луѓето може да се пријават, изјави Филипче.
Прашан дали пациентите со хронична дијализа треба да се вакцинираат со истата вакцина, Филипче, посочи дека единствено, кое што, сега укажува на тоа дека е потребна бустер доза и дека не се прави разлика, која е првата вакцина е компанијата „Фајзер“.
– Тоа значи дека таа вакцина може да се користи, како бустер доза, без разлика кои се првите две примени вакцини, изјави Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога и за кого ќе има трета доза во Македонија
Израел: Тие што нема да примат трета доза за 6 месеци по втората, ќе се сметаат за невакцинирани
МИА/Фото: МЗ