еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Филипче: Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба

Уште двајца пациенти заболени од грип се во критична состојба и се на апарат за механичка вентилација. Се надевам дека нема да има дополнително влошување на нивната здравствена состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека за жал се случиле такви медицински компликации да не можело да се спасат животите на оние кои починаа од компликации од грип.

– Тие беа со претходни заболувања од кои две беа деца. Ние сме во секојдневна комуникација со сите членови на Комисијата за заразни болести, со директорката на Клиниката за инфективни болести и се преземаат сите мерки, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од проектот за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата.

Оваа сезона 11 лица починаа од компликации од грип.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Инфективната клиника 33 пациенти со морбили, еден во потешка здравствена состојба

Редакција

Македонец со сведоштво од Шведска: Зошто се лабави мерките за ширење на корона вирусот

Редакција

(ВИДЕО) Доктор Даниловски прогнозира крај на пандемијата во мај, ќе се вакцинираат само ризичните групи

Редакција