еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Филмот „Сестри“ е македонски кандидат за Оскар

Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм„, при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и
кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума, да биде национален кандидат на Македонија за оваа награда за 2022 година.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот: „Исчезнатиот“ во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали рускиот министер Лавров ќе дојде во Скопје ќе се знае до четврток

Редакција

Четиригодишно девојче питачело и тешко се рзболело: Мајката од Струмица осомничена за малтретирање

Редакција

(Фото) Пронајдено починато лице со видливи повреди во напуштена куќа во центарот на Скопје

Редакција