еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Филмска бркотница и пукотници за време на полициски час: Со возило повредил полицаец и удирал се пред себе

Триесет и тригодишник од тетовски Пирок е уапсен по бркотница со полицијата за време на полициски час која почна во Гостиварско, а завршила во тетовско Сиричино. При тоа 33 годишникот повредил полицаец, оштетил полициски возила и наплатна рампа.

„М.А (33) од тетовски Пирок управувајќи патничко возило „фолксфаген пасат“ со германски регистарски ознаки, во кое подоцна се откриени остатоци од бела прашкаста материја, најпрво не застанал на полициски знак во гостиварска Топлица и Врапчиште и продолжил да бега. Во еден момент, враќајќи се наназад, со возилото удрил во полициски службеник и го повредил“, соопшти СВР Тетово.

Тој продолжил да бега по автопатот Гостивар – Тетово.

„Ја оштетил наплатната рампа, се упатил кон тетовско Желино и по локалниот пат за Сиричино, а попатно удрил и оштетил и две службени возила на МВР. Во знак на предупредување да застане, полициските службеници испукале неколку проектили. Потоа во тетовско Сиричино, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода“, информира тетовската полиција.

Лицето е приведено во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени поднесоци за неколку кривични дела.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Можда Европа е секси ама Америка има поголеми цицки“: Твитер реакции за изјавата на Заев, дека Европа е најсексипилна дама во светот

Редакција

Од коронавирусот почина пациент од Велес на 58 годишна возраст

Редакција

(Видео+Фото) Дедо Мраз го чистеше Охридското езеро

Редакција