еМагазин
Image default
Македонија

Финансиска полиција и МВР со акција во Љуботен

Медимите утринава јавија дека во Љуботен во тек е акција, при што се врши претрес на домовите.

Поради интересот на јавноста, Управата за финансиска полиција извести дека „поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела криумчарење со акцизна стока и царинска измама Управата за финансиска полиција во координација со Министерство за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото.“

„Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка и разбирање од граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три жени починаа од Ковид-19 на штипското Инфективно одделение

Редакција

Креаторот на vaksajns.mk повикан на информативен разговор во полиција

Редакција

Четири новозаболени од Ковид-19 во Куманово, еден во Липково

Редакција