еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управители во Европска очна болница

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица во својство на управители на приватната здравствена установа Специјална очна болница European eye hospital п.о. Скопје.

Пријавените лица, во период од 2011 до 2020 година, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција, ја злоупотребиле својата службена положбa, на начин што, набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително потекло, односно од непознати производители и добавувачи, при тоа истите не ги евидентирале во нивното сметководство како набавени.

– Медицинските средства се ставени во промет на начин што ги вградувале кај пациенти при извршени оперативни зафати, иако истите не се запишани во Регистарот на медицински средства, не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на РС Македонија (МАЛМЕД), ниту пак се во согласност со пропишаните услови во Законот за лекови и медицински средства.

Нерегистрираните медицински средства не ги евидентирале во своето сметководство со влезни фактури и за вградување на истите не евидентирале материјален излез, при тоа наплатиле парични средства од пациенти со што се стекнале со значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 38.808.491 денари, стои во соопштението.

Пријавените за дел од вградените медицински средства, кои се набавени на нелегален начин и не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства наплатиле партиципација од пациентите, а на штета на Фондот за здравствено осигурување наплатиле износ од 7.037.050 денари .

Со горенаведените инкриминирачки дејствија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција од страна на пријавените лица причинета е вкупна материјална штета од 45.845.541 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Македонија

Редакција

Споредено со септември пораснала за 1.490 денари: Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари

Редакција

Рекордно ниски температури: Во Берово минус 21, во Битола минус 20 степени

Редакција