Претседателот на Собранието, Талат Џафери заедно со македонската државно-црковна делегација денеска беше на Ауденција кај Папата Франциск.
-На Аудиенцијата кај Папата Франциск, му ја честитав 10-годишнината од Понтификатот и му посакав долг живот, добро здравје и успешно извршување на светата должност, напиша Џафери на неговиот Фејсбук профил.
– Нашите две земји имаат нераскинливи историски врски преку важните личности од заедничкото минато – нашата скопјанка и Албанка, Мајка Тереза и Светите апостоли Кирил и Методиј, напиша Џафери.
Џафери му подари графичка икона „Богородица Несвенлива Роза“ на папата.
Иконата потекнува од 1837 година од црквата „Света Богородица“ во Ново Село – Штип. Донесена е од Света Гора Атонска.
Автрот, односно мајстор кој го изработил бакрорезот е Антим од Пелопонез, најпознатиот гравер и типограф на Света Гора Атонска од 19 век.
Иконата е единствена сочувана од овој иконографски тип.
Концепциски и тематски иконата во една целина обединува неколку иконографски теми: Богородица Несвенлива Роза со Хриcтос цар, Лозата Есеева и циклусот на Акатистот на Богородица.
Џафери на папата Франциск му подари и примерок од долгометражниот документарен филм за Блаже Конески „Јанѕа“ од истакнатиот македонски документарист, Никола Т. Калајџиски. Филмот е подготвен во продукција на „Контраст филм“ – Скопје, финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.
А по повод десетгодишнината од неговиот Понтификат му подари уникатен примерок – изработен во техника длаборез, кутија за чување на лични работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Молебен на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе” во Рим
МИА/еМагазин/Фото: Фејсбук/Џафери