Со полициска придружба утрово во Кривичниот суд Скопје од домашен пртивор донесени се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец, кои заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 се обвинети за случајот „Рекет“.
Се очекува да биде донесен и Јовановски од КПУ Затвор Скопје каде што издржува мерка притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милески.
Во рамки на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори нова истрага која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.
Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информираше дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
МИА/фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“
Ќе дознаеме ли конечно каде се парите: Стартува судењето за „Рекет“