еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Атиџе раскажуваше за детството и ги учеше децата од Лозово и нивните гости како да бидат здрави

Во рамките на Еразмус плус програмата хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова денеска во холот на ООУ „Методија Митевски – Брицо“ во Лозово се сретна и другаруваше со децата од ова училиште и нивните гости од Португалија, Бугарија и Грција.

Средбата беше во рамките на проектот „Играј и учи за младоста“ , финансиски поддржан од Европската комисија за образование, а кој е посветен на учење на децата на веќе подзаборавените детски игри од училишните дворови и улиците.

Додека се емитуваа делови од нејзиниот документарен филм, Атиџе им раскажуваше на децата за своето детство, а евоцираше спомени за своите детски игри и куклите од дрво и волна и партали, кои самата ги изработувала. Атиџе им упати силни пораки на децата да се дружат преку игрите.

Таа им порача за да бидат здрави секое утро да јадат по едно лажиче мед со лимон, но и да се дружат со пчелите, бидејќи тие го одржуваат светот и им рече секогаш кога се во друштво и со секого сè да делат пола пола.

Атиџе потенцира дека многу ги сака сите децата и, како што вели, ако му посветиш барем малку внимание на некое дете, тоа ќе биде со тебе.

На родителите им упати силна порака да не трчаат само по работа, туку да наоѓаат повеќе време за своите деца и да ги учат децата на вистинските вредности.

-Родителите се тие кои ги изведуваат децата на прав пат и кои треба да ги оттргнат од лошите патишта.Но и децата треба да ги почитуваат родителите па и да се грижат за нив кога ќе остарат, порача Атиџе.

Децата веќе ја знаеја Атиџе од телевизија, а некои од нив веќе го гледале и филмот „Медена земја, а и сакаат да им раскажува за пчелите и за нејзините игри од детството. На крајот од оваа средба за која децата ни изјавија дека ќе ја паметат цел живот, сите среќни заедно се фотографираа.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Како изгледаше езерото Треска во своите убави времиња

Редакција

Убава вест: Оздравени 53 болни од Ковид-19

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на горива вреден 67.000 евра

Редакција