еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Црн Дрим во Струга стана син

Општина Струга, на нејзиниот Фејсбук-профил објави дека на Денот на езерото, ќе го инаугурира проектот за осветлување на реката Црн Дрим.

„Исполнувајќи ги сите архитектонски барања, осветлувањето на коритото се реализира во согласност со регулативата за нормативно технички стандарди.

Проектот вклучува инсталација на арматура изработена од не’рѓосувачки челик, отпорен на корозија. Должината на коритото е 900 метри, додека арматурата за осветлување беше поставена од двете страни на коритото со должина од 1.800 метри,“ велат од Општината.

Осветлувањето на реката наиде на различни реакции кај граѓаните, на едни им се допаѓа, според други, тоа е штетно по флората и фауната во реката.

Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец тешко повреден откако со „Кавасаки“ излетал меѓу двата тунела на автопатот Скопје-Велес

Редакција

Кривични пријави за полицајци кои претепале момче од Охрид

Редакција

Масовна тепачка во тетовско кафуле, петмина повредени

Редакција