Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојката почина вчера како последица од сообраќајна несереќа, а нејзиното срце беше успешно трансплантирано на 22-годишно момче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на млада пациентка која починала денеска, дале согласност за донирање на нејзините органи
„Нејзиниот млад живот трагично згасна, но нејзиното срце спаси друг млад живот. Нема зборови со кои може да се искаже благодарноста кон семејство.
Нема зборови со кои може да се опише алтруизмот и големината на чинот на органодарителство. Во моменти на длабока тага да се донесе одлука за донирање на органите на блиските е дефиниција за хуманост“, напиша Филипче, кој објави фотографија, кој никого неможе да остави рамнодушен.
Фото: МЗ/Филипче/Фејсбук