еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Државна вечера во чест на претседателот на Германија, Штајнмајер

По повод официјалната посета на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк Валтер Штајнмајер, беше приредена државна вечера, на која беа поканети претставници од државниот врв, пратеници, претставници од политичките партии, како и стопанственици од бизнис-секторот, коишто остваруваат економска соработка со Германија.

Во рамки на свечената вечера, соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели имаа протоколарни обраќања во чест на македонско-германското пријателство, соработката и заедничката европска иднина.

Пендаровски истакнал дека му е особено задоволство што е домаќин на првата официјална посета на Штајнмајер на Македонија и посочил дека кога стапил на должноста во 2019-та, првата билатерална посета му била токму на Сојузна Република Германија.

-Сојузна Република Германија е еден од најважните партнери на Македонија, а нашата интензивна соработка во многу области во изминатите децении е најдобар доказ за цврстите односи и пријателството меѓу нашите две држави.

Идната година ќе одбележиме триесет години од воспоставувањето на дипломатските односи што е значаен јубилеј за мојата држава и основа за понатамошен развој на нашите односи, истакнал шефот на државата.

Потсетувајќи дека оваа година земјава почна ново поглавје на патот на нашата интеграција во Европската Унија, Пендаровски се заблагодарил за силната и конзистентна поддршка лично од Штајнмајер и од СР Германија.

-Вие и германската држава сте едни од најсилните промотори и застапници за европската интеграција на С Македонија и на нашиот регион. Од суштинско значење за нас во овој сензитивен период е успешно завршување на првата скрининг фаза од процесот на преговори за да почнеме со следната фаза на конкретни преговори во рамките на кластерите и поглавјата.

На тој пат, како и досега, ја очекуваме Вашата поддршка и поддршката на Германија во различните области од реформите што следат. Сакам да Ве уверам дека од наша страна посветено ќе ги исполнуваме преземените обврски и ќе бидеме доверлив партнер во овој процес, истакнал Пендаровски.

Рекол и дека е особено горд на економската размена и инвестициите затоа што „Германија е нашиот најголем економски партнер и еден од најзначајните инвеститори во нашата држава“.

-Нашата економска соработка не се состои само во трговска размена туку и во пренесување на германската технологија и знаење што е од непроценлива важност за социоекономскиот развој на С Македонија. Нашите две држави остваруваат и интензивна соработка во сферите на образованието, науката и културата.

Ние го користиме германскиот модел на дуално образование во реформата на нашето средно стручно образование, а голем број на студенти и наставен кадар од нашите универзитети учествуваат во програмите за академска размена меѓу нашите држави. Изучувањето на германскиот јазик е се попопуларно во нашата држава, а наш стратешки приоритет е промоцијата на македонскиот јазик на катедрите за славистика на германските универзитети, додал Пендаровски.

Нагласил дека Германија и Македонија постигнаа многу во развојот на билатералните односи во изминатите три децении.

-Денеска нашите две држави се партнери во НАТО, а се надевам дека во догледна иднина ќе бидеме и партнери во Европската Унија. Постигнатите резултати треба да ги негуваме, но и да имаме амбиции за уште поголема соработка во сите сфери од заемен интерес, рекол шефот на државата на вечерата во чест на претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

На вечерата присуствувале и претставници од граѓанското општество и поединци кои имаат придонес во градење на македонско-германските образовни и културни врски во изминативе години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Пендаровски и Штајнмајер положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“

„Тоа не може да се предвиди“, вели германскиот претседател Штајнмајер за влегување на Македонија во ЕУ во 2030 година

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) Осмомартовски марш: Државата конечно да почне да постапува за насилниците кои малтретираат, застрашуваат, тепаат и убиваат жени

Редакција

Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан на патот кон полноправно членство во ЕУ

Редакција

Лани одбиени 26,29% од барателите за виза во САД од Македонија

Редакција