еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Емилија Динева е жената која почина во сообраќајка, а семејството ги донираше нејзиното срце и бубрези

Емилија Динева од Стар Дојран е жената која загина во сообраќајна несреќа, а чии што органи беа донирани за да се спасат тројца луѓе.

Нејзиното срце беше донирано на 54-годишен пациент, кој долго чекал на ова. Неговиот син Васил Огњановски изјави дека лекарите по втор пат му го спасуваат животот на неговиот татко.

Кога ќе спласне болката, тој изјави дека сакаат да се сретнат со семејството на Динева до кое изрази сочувство и голема благодарност, бидејќи сега се поврзани преку срцето на Емилија.

Истовреме нејзините два бубрега беа донирани на двајца пациенти на кои се изврши трансплантација на Клиниката за урологија.

Пријателите на Динева се простуваат од неа на социјалните мрежи изразувајќи тага и воодушевување на потегот на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е незамисливо тешко

Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија засега нема да нарачува од вакцините „Спутник V“, кои почна да ги произведува Србија

Редакција

(Галерија) Силјановска во Ватикан на аудиенција кај Папата Франциск

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ продолжи со аферата „Паразити“: Директорите на ЕСМ и МЕПСО, Ковачевски и Муртезани, со месечна плата од 1.700 евра

Редакција